Утрински Весник
Спорт

Се снајде! Со помош на кондом до злато и бронза на Олимпијадата

Се снајде! Со помош на кондом до злато и бронза на Олимпијадата

Австралиската кануистка, Џес Фокс успеа да стигне до златниот медал во Ц1 кану на диви води за да го додаде на бронзениот медал во К1 за вкупно да стигне до четири олимписки медали во кариерата (1 злато, 1 сребро и 2 бронзи), а за тоа и беше потребна мала помош – кондом кој го делат олимписките организатори.

Таа на Инстаграм се пофали дека го поправила својот кајак со кондомот пред да го освои бронзениот медал.

„Се обложувам дека не знаевте дека кондомите може да се користат за поправка на кајак. Се тегнат, силни се“, вели 27-годишната Австралијка на Инстаграм .то.

Таа беше блиску до златото во финалето во кајак, но ја удри последната врата и доби временска казна, пред денеска да го освои своето прво олимписко злато.

View this post on Instagram

A post shared by The Highlights Club (@thehighlightsclubau)

> Се снајде! Со помош на кондом до злато и бронза на Олимпијадата <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина