Утрински Весник
Спорт

Без Бајлс, Американката Суни Ли е гимнастичката кралица од Токио

Без Бајлс, Американката Суни Ли е гимнастичката кралица од Токио
Img 5587

Суниса Ли стана петтата Американка во низа која ја освојува титулата во повеќебојот во гимнастиката, совладувајќи ја Бразилката Ребека Андраде, додека актуелната шампионка Симон Бајлс беше на трибините во знак на поддршка. Русинката Ангелина Мелникова освои бронза два дена откако го предводеше својот тим до тимската круна.

Женската гимнастика влезе во фокусот на Олимпијадата во Токио по одлуката на Бајлс да не ја брани титулата за да се фокусира на менталното здравје, но тоа не и пречеше на 18-годишната Ли да стигне до своето прво олимписко злато. Бајлс ги освои сите големи натпреварувања од 2013 до 2021, освен светското првенство во 2017 година.

Ss1

Андраде имаше предност по прескокот на стартот на ротациите, но Ли стигна до златото со својата спектакуларна програма на двовисинскиот разбој.

> Без Бајлс, Американката Суни Ли е гимнастичката кралица од Токио <

Ss1

Можете да прочитате

Роналдо му ја честита титулата на Спортинг

Стојоски собори државен рекорд стар 44 години

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот