Утрински Весник
Македонија

Николовски во Охрид: СДСМ води на сите анкети зашто граѓаните го препознаваат нашиот чесен пристап

Николовски во Охрид: СДСМ води на сите анкети зашто граѓаните го препознаваат нашиот чесен пристап

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на изборната конференција на СДСМ Охрид, по која општинската организација доби нов претседател и ново раководство, истакна дека е горд што сите функционери на СДСМ се секојдневно на терен, на маалски средби со граѓаните.

„Охрид веќе има потврден кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ и анкетите на јавното мислење покажуваат дека сме фаворити и овде во Охрид и низ многу општини, затоа што со силното присуство на терен, со проектите што ги реализиравме, граѓаните прават разлика меѓу нашата понуда и блокадите и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ“, порача Николовски.

Генералниот секретар истакна дека градоначалникот Константин Георгиевски, кого партијата ќе го поддржи и за втор мандат, во својот досегашен покажал што значи вистинска грижа за Охрид.

„Последна потврда за тоа е и одлуката на Комитетот на УНЕСКО, Охрид да не биде впишан во листата на светско наследство во опасност, што е признание за нашата посветеност да го зачуваме и унапредиме квалитетот на живот во овој регион“, потенцираше Николовски и нагласи дека СДСМ е убедлив фаворит на локалните избори во Охрид.

Можете да прочитате

Силјановска: Има ли поголема промена од таа првпат жена да стане претседател

Проекција на ДИК за бројот на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Ковачевски: На СДСМ му е зададен тежок удар, ќе следат внатрепартиски избори