Утрински Весник
Спорт

ПСЖ почна преговори со Погба, набргу официјална понуда?

ПСЖ почна преговори со Погба, набргу официјална понуда?

Пари Сен-Жермен почнал преговори со Пол Погба во обид да го донесат францускиот репрезентативец во неговиот роден град ова лето, тврди британскиот „Атлетик“.

Според нивните извори, можно е да има официјална понуда во следните неколку недели, но и одлука да се почека до следното лето, кога ќе заврши договорот на Французинот со Манчестер јунајтед и ќе може да дојде како слободен играч.

„Ѓаволите“ веќе се обиделе да му понудат нов договор на Погба, но според британските извори, Оле Гунар Солскјер веќе почна да планира за животот без францускиот репрезентативец, кој останува најскапиот играч во историјата на клубот со трансферот од Јувентус од 100 милиони евра.

Оваа вест може да биде добра за 24-годишниот Дони ван де Бек кого лани го донесоа од Ајакс, но не доби вистинска шанса, а доколку тој не се покаже како подготвен, секогаш постои можноста да се донесат Едуардо Камавинга или Деклан Рајс.

> ПСЖ почна преговори со Погба, набргу официјална понуда? <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина