Утрински Весник
Македонија

Есер Џевахир почесен конзул на С. Македонија во Турција

Eser

Министерот за надворешни работи Бујар Османи за време на посетата во Турција му ја врачи егзекватурата на Есер Џевахир, новоименуваниот почесен конзул на Република С Македонија во Република Турција, со јурисдикционо подрачје за областите на Едрене, К’ркларели и Текирдаг, и со седиште во Едрене.

Како што соопшти МНР, честитајќи му ја новата, престижна и одговорна позиција на Џевахир, министерот Османи истакна дека очекува продлабочување на економската соработка меѓу С Македонија и Турција и на можностите за привлекување нови странски инвестиции. -Важно во Вашиот мандат ќе биде претставувањето на Република С Македонија во сите сфери од заеднички интерес, во кои постои можност за интензивирање на постоечките врски и соработки. Република Турција е земја со голем потенцијал, кој може да се искористи за развој на билатералните односи, истакна Османи стои во соопштението.

Важно во Вашиот мандат ќе биде претставувањето на Република С Македонија во сите сфери од заеднички интерес, во кои постои можност за интензивирање на постоечките врски и соработки. Република Турција е земја со голем потенцијал, кој може да се искористи за развој на билатералните односи, истакна Османи стои во соопштението.

Можете да прочитате

До седум часот утрово активни седум пожари, еден локализиран и еден под контрола

„Кој луд купува стан во Скопје?! Без вода, без воздух, со бетониран пекол на секој агол!“

Ужас во Швајцарија: Македонка и нејзиното бебе убиени од сопругот