Утрински Весник
Економија

Вучиќ и Рама на Економски форум во Скопје

Вучиќ и Рама на Економски форум во Скопје

Во организација на премиерот Зоран Заев, во координација со кабинетите на претседателите на Србија, Александар Вучиќ, и на Албанија, Еди Рама, а во соработка со стопанските комори од регионот, утре во Скопје ќе се одржи Економски форум за регионална соработка кој е од исклучително значење.

Ќе бидат присутни претставници на повеќе од 300 компании од Албанија, Србија и Северна Македонија, од повеќе други земји од регионот, како и претставници од меѓународните институции кои пројавија голем интерес да бидат дел од овој Форум.

На настанот ќе биде објавено и новото име на регионалната иницијатива која досега беше неформално нарекувана како „мал шенген“.

Програмата на Форумот опфаќа обраќања на лидерите на трите земји организатори на настанот, кои потоа ќе учествуваат на економскиот панел на кој за новата иницијатива и за непосредните придобивки од неа ќе разменат мислења претставниците на деловните заедници од Албанија, Србија и Северна Македонија.

На посебен церемонијален дел од програмата на Форумот, ќе бидат потпишани два меморандума за разбирање и еден меѓудржавен договор кој во огромна мера ќе го олесни животот на граѓаните од Западен Балкан и на бизнис-заедницата.

Можете да прочитате

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во Цементарница УСЈЕ

Ангеловска-Бежоска за ВОА: Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика ќе има во втората половина од годинава