Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ поддржува измени на Изборниот законик во согласност со препораките на ОБСЕ-ОДИХР во консензус со партиите

ВМРО-ДПМНЕ поддржува измени на Изборниот законик во согласност со препораките на ОБСЕ-ОДИХР во консензус со партиите
Ss2

ВМРО-ДПМНЕ поддржува измени на изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ-ОДИХР во консензус со партиите, соопштија од партијата.

„ВМРО-ДПМНЕ поддржува измени и дополнувања на изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ-ОДИХР со кои ќе се овозможи поголема транспарентност на изборниот процес и поголема ефикасност на изборните органи, но пред се поголема можност за избор на граѓаните со непосредно гласање за посебно по една личност –кандидат од секоја предложена листа на партиите и независните листи на кандидати“, се наведува во соопштението.

Ss1

Според ВМРО-ДПМНЕ, ваквата опција за отворени листи овозможува поголема демократија во која личноста на кандидатот, а не само партијата ќе бидат избирани од страна на граѓаните да одлучуваат за нивната општина.

„Дополнително, со измените на законот се доуредуваат аспектите на изборната кампања, времето на рекламирање, роковите, содржината и постапката на доставување на финансиските извештаи, и други процеси поврзани со изборниот процес. Измените на изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ-ОДИХР се пракса пред секои избори во консензус со партиите да се подобри изборниот процес со крајна цел фер и демократски изборен процес, пред се во интерес на опозициските партии“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт