Утрински Весник
Македонија

Maкедонците сè уште се вакцинираат на белградскиот саем

Maкедонците сè уште се вакцинираат на белградскиот саем

Македонските граѓани и понатаму се вакцинираат на белградскиот саем.

„Меѓу 300 и 500 граѓани се вакцинираат дневно на местото на саемот во Белград, а забележлива е и тенденцијата на мало зголемување на интересот на граѓаните за имунизација против коронавирус, изјави денеска координаторката ма пунктот на саемот“, Светлана Мишиќ.

Рече дека помеѓу 600 и 800 лица се вакцинираат на Саемот за време на викендите, а половина од нив се државјани на БиХ и Северна Македонија.

Вакцините на Фајзер, АстраЗенека, Синофарм и Спутник се достапни за граѓаните на Саемот, а контролниот пункт е отворен секој ден од 8.30 до 15.30 часот.

Минатата недела беше објавено дека за време на викендот над 200 Македонци се вакцинирале со прва или втора доза во Врање, што е повеќе од српските државјани што дошле да примат вакцина во тој здравствен дом.

Можете да прочитате

Користел викенд од Идризово, па завршил со ново апсење

Чувар унапреден, платата му скокнала од 50.000 на 100.000 денари – Кривична за Управниот одбор на М-НАВ

Алиу: Зад себе оставаме реформи, а пред новиот министер завршување на започнатите процеси