Утрински Весник
Свет

Инцидент на авионот во кој бил турскиот министер за одбрана, морал принудно да слета

Инцидент на авионот во кој бил турскиот министер за одбрана, морал принудно да слета

Набргу по полетувањето, авионот во кој се наоѓал турскиот министер за одбрана имал контакт со птица, по што бил принуден да слета на аеродромот во блиската воена база недалеку од градот Адана, јавија турските агенции.

Авионот на турското воено воздухопловство ги превезуваше министерот за одбрана Хулуси Акар, началникот на ГШ Јашар Ѓулер и командантот на копнените сили Умит Дундар, кои се враќаа во Анкара по посетата на воената база Газиантеп, недалеку од граница со Сирија, објавија медиумите.

Авионот претрпел мала штета и никој не бил повреден при принудното слетување.

Можете да прочитате

Со помош на ЕУ спречен обид на балканската мафија да се инфилтрира во Парагвај

Во Полска откриен тунел низ кој дошле мигранти од Белорусија

Ова е најмалиот град во Германија, има само 260 жители