Утрински Весник
Свет

Русија и САД на нова рунда консултации за стратешката стабилност

Русија и САД на нова рунда консултации за стратешката стабилност

Новоназначениот американски државен потсекретар за контрола на оружјето и меѓународната безбедност, Бони Џенкинс, е посветена на ограничувањето на нуклеарното ширење на Русија и на Кина, се вели нејзината изјава на Твитер.

„Едвај чекам да се фатам за работа. Наскоро ќе слушнете повеќе од мене за контролата на оружјето и за стратешката стабилност”, се вели во соопштението.

„Посветена сум на тоа да го намалам ризикот од нуклеарна војна со ефикасна контрола на оружјето, да ја ограничам нуклеарната експанзија на Русија и Кина, да ја зајакнам биобезбедноста и да барам одговорност за употребата на хемиско оружје“, посочува Џенкинс.

Според неа, САД мора да ги зајакнат евроатлантските и индопацифичките сојузи за подобро одвраќање и одбрана од растечките закани.

„Ние исто така мора да развиеме и зајакнеме норми на одговорно однесување во вселената и да се бориме со новите технологии што ја загрозуваат стратешката стабилност“, додаде Џенкинс.

Женева на 28 јули ќе биде домаќин на новата рунда руско-американски консултации за стратешката стабилност. Делегацијата на Русија ќе биде предводена од заменик -министерот за надворешни работи, Сергеј Рјабков, а американската од заменик-државниот секретар Венди Шерман. Во американската делегација ќе биде и Џенкинс.

Рјабков претходно изјави за ТАСС дека Русија планира темелно да разговара за сите аспекти на прашањата за стратешката стабилност, да ги процени потенцијалните ризици и предизвици, како и да развие рамка за идните заеднички активности на терен.

Можете да прочитате

Нетанјаху го предложи Трамп за Нобелова награда за мир

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас