Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Еден загинат и две деца повредени во сообраќајката кај Врбјани, едното има тешки повреди

Еден загинат и две деца повредени во сообраќајката кај Врбјани, едното има тешки повреди
Img 7972

Во охридската полиција вчера нешто по 18 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид- Кичево, во близина на село Врбјани, се случила сообраќајна незгода со трагични последици.

Како што информираат од МВР, судирот се случил помеѓу автомобил „фолксваген голф“, со струшки регистарски ознаки, управуван од Г.Р.(61) од струшкото село Долна Белица, струшко и автомобил „тојота корола“, со охридска регистрација, управуван од Б.Б.(64) од Охрид.

На местото на незгодата починал стружанецот, а смрт констатирал лекар од итната медицинска помош.

Со тешки повреди се здобиле Б.Б. и неговот сопатник С.Б.(62) од Охрид, како и малолетен сопатник во „голфот“, а со повреди се здобила и малолетна сопатничка во патничкото возило „голф“, кои биле констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Екипа од охридската полиција извршила увид на местото на незгодата.

Можете да прочитате

Утревечер ѕвездено небо над Штип во чест на Панчо, светлината што никогаш нема да згасне

Филипче: Во програмата на Бузлевски никој не е заборавен, со него Ресен повторно ќе се развива

Османи до Меџити: Срамно лажеш дека мојот покоен татко направил дивоградба, стотици милиони евра испумпавте со дивоградби