Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Осудените организатори на 27 април да бидат веднаш однесени во затвор, побара обвинителката

Осудените организатори на 27 април да бидат веднаш однесени во затвор, побара обвинителката
Img 7972

Обвинителката Гордана Смаќоска побара притвор за поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистерот за образование, Спиро Ристовски, ексминистерот за транспорт, Миле Јанакиески и ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски. Таа смета дека тие имаат контакти бидејќи некогаш биле високи функционери, а со тоа можат да се дадат во бегство. Притворот е побаран бидејќи се осудени како организатори на 27 април.

„Предлагам на Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и Владимир Атанасовски да им се определи притвор до правосилност на пресудата. Денеска тие се прогласени за виновни за многу тешко кривично дело. Тие имаат многу познанства во странство, кои ако се бранат од слобода тие ќе се дадат во бегство, односно кријат за да ја избегнат кривичната одговорност и издржување на ефективната казна затвор. Со оглед дека Миле Јанакиески е во куќен притвор по друг предмет, предлагам судот да ја укине таа мерка и да определи притвор по истите основи како останатите обвинети“, рече обвинителката Смаќоска.

На ова се спротивставија адвокатите на обвинетите кои добија затворски казни за случајот „Организатори на 27 април“. Адвокатот Еленко Миланов кажа дека сите обвинети до сега го почитувале судот, доаѓале на судења, а за обвинетиот Миле Јанакиески кажа дека веќе е во куќен притвор и нема ниту едно негово прекршување.

Можете да прочитате

Мицкоски се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен

ВМРО-ДПМНE: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд