Утрински Весник
Свет

Над 250 пресуди во Британија поради педофилија во извидничките организации

Над 250 пресуди во Британија поради педофилија во извидничките организации

Повеќе од 250 лица во Велика Британија и Ирска се осудени за злосторства за сексуална злоупотреба на деца, кои ги сториле додека биле на позиции на водачи меѓу извидниците или други одговорни позиции во извидничкото движење од 50-тите години на минатиот век.

Според анализата што отвора прашања во врска со заштитните активности на организацијата, многу деца биле малтретирани од некој на кој им била доверена нивната благосостојба, пишува „Гардијан“.

Пресудите во 255 случаи вклучуваат пресуди за силување, непристоен напад, воајеризам, создавање и поседување порнографски слики…

Случаите датираат од 50-тите години на минатиот век, но вклучуваат и современи примери, како Оливек Купер од Богонор Регис, кој во октомври минатата година беше затворен на шест години поради три точки за сексуален напад на две шестгодишни девојчиња, правење непристојни фотографии од деца и 13 точки за воајеризам.

Овие дела се случиле нешто повеќе од две години претходно.

Минатата година Грахам Ависон од Манчестер, откако се изјасни за виновен, беше осуден на пет години и седум месеци затвор во ноември, врз основа на четири точки за непристоен напад.

Аби Хиксон, соработник во тимот против злоупотреба на адвокатот Болт Бурдон Кемп (ББК), кој создаде интерактивна мапа на злоупотреба на извидници, рече дека Здружението на извидници треба да стори многу повеќе за да ја заштити безбедноста на своите членови од сексуални предатори и дека во моментов има показатели оти постои можност ненамерно да се олесни злоупотребата, наместо активно да се спречи тоа.

„Повеќето од нивните политики за заштита се потпираат на интегритетот на самите извиднички водачи и зависат од индивидуата која ќе избере или не да се придржува до нив. Важно е да се има предвид дека оние кои сексуално ги злоупотребуваат извидниците по својата природа се многу манипулативни, таинствени, изопачени опортунисти“, рече Хиксон, додавајќи дека мора да постои култура на транспарентност и доверба и мора да се преземат чекори на сите нивоа во организацијата за активно спречување на сексуалната злоупотреба на извидници.

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата