Човек бил спасен на Алјаска, откако, според неговите тврдења, скоро една недела одбивал напади на мечки во далечен рударски камп.
Службеници од американската крајбрежна стража најпрво забележале СОС-сигнал на покривот од барака во кампот, а потоа забележале како маж им мавта во очаен повик за помош, пренесе Би-би-си.
Човекот објаснил дека бил нападнат од мечка и дека не спиел со денови, бидејќи гризлито постојано се враќало во неговиот камп.
Тој имал модринки на градите и повредена нога која ја бандажирал со леплива трака.
Екипажот на хеликоптерот бил на пат да пренесе тим научници во истражувачка мисија поврзана со дивите животни кога поради временските услови застраниле од рутата и ја забележале пораката за помош.
Според „Њујорк Тајмс“, човекот бил при крај со муниција за својот пиштол, а вратата од бараката каде престојувал била разбиена.
„Во еден момент, мечката го повлекла надолу кон реката. Тој објасни дека мечката се враќала секоја вечер, поради што не спиел неколку дена“, изјави потполковникот Џаред Карбахал.