Утрински Весник
Магазин

Шон Пен одбива да работи на новата серија сè додека секој член на екипата не прими вакцина

Шон Пен одбива да работи на новата серија сè додека секој член на екипата не прими вакцина

Шон Пен зазема став на начин што може да ја разниша целата филмска и ТВ-индустрија, одбивајќи да работи на новата драмска серија Gaslit сè додека не се вакцинираат сите членови на актерскиот и техничкиот тим.

Тврдиот став на актерот доаѓа само неколку дена по премиерата на Канскиот филмски фестивал на неговиот нов режисерски обид – Flag day („Денот на знамето“), во кој исто така и глуми.

Според „Дедлајн“, Пен нуди да ги олесни напорите за вакцинација против Ковид-19 без никаков трошок за актерите и техничката екипа.

Продукцијата започна кон крајот на април во Лос Анџелес, аПен, наводно, има уште само неколку недели додека не ја заврши серијата.

Студиото на Gaslit, „Ен-би-су јуниверзал“ ја направи вакцинацијата задолжителна за членовите на продукцијата во „Зона А“, која вклучува членови на актерскиот тим и други во непосредна близина на актерите.

Можете да прочитате

Името на бебето на Бони Блу ќе се продава на аукција

Висок крвен притисок – главни причини и совети

Поротата одлучи: „Фејсбук“ и „Јутјуб“ не предупредиле за ризикот од зависност, отштетата кон тужителот е три милиони долари