Утрински Весник
Македонија

(Видео) Петрушевски: Законот за марихуана е закон за бизнисите на Заев

(Видео) Петрушевски: Законот за марихуана е закон за бизнисите на Заев

Власта сака да легализира криминал на Заев и тоа директно преку Собранието на Македонија, преку злоупотреба на европското знаменце. Законот за марихуана е закон за бизнисите на Зоран Заев. Ова го истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

„Лиценците за канабис кои се дадоа изминативе години, се лиценци за прерaботка на масло од канабис и финален производ за медицински цели, но и не за извоз во форма на сув цвет од канабис, како што предвидува ова законско решение. Меѓу овие лиценци е таа и на семејството Заеви. Јавна тајна се сомневањата дека лиценците за преработка на масло од канабис се издаваа за 300 до 500 илјади евра, пари кои се сомневаме дека завршуваа единствено во џебот на фамилијата Заеви. Законот на Заев за марихуана го потврдува сомнежот дека ветувањето до компаниите одгледувачи на марихуана било и овозможување на извоз на цвет од канабис“, изјави Петрушевски.

Според опозицијата, власта носи закони со кој во Европа и во светот ќе станеме познати земја производител на марихуана.

Петрушевски од името на ВМРО-ДПМНЕ, предупреди дека ако законот за марихуана на Заев се донесе со европско знаменце, и се изгласа, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги блокира сите идни закони кои ќе дојдат во Собранието.

„Бидејќи овој предлог закон е најавен дека ќе се носи со европско знаменце, ја повикуваме и европската канцеларија во Македонија да излезе со став по однос на ова прашање“. додаде тој.

Можете да прочитате

Мицкоски: Го осудувам сквернавењето на македонското знаме, предупредивме дека вакво нешто ќе се случува

Бектеши: Ние вакви настани во последните седум години речиси немавме во нашата држава

Како руските агенти влијаеја на црковните и политичките процеси во Македонија