Утрински Весник
Македонија

Од удар од гром загина 25-годишно момче

Од удар од гром загина 25-годишно момче

Дваесет и петгодишно момче од тетовското село Долно Палиште синоќа загина од удар од гром, додека напасувало стадо овци.

„Вчера (18 јули) во 19 часот и 25 минути во СВР Тетово било пријавено дека во месноста ‘Карабунар’, атар на тетовски Урвич, бил пронајден починат 25-годишниот Е.О. од тетовско Долно Палиште, кој бил усмртен од удар на гром“, информираа од полицијата.

Смрт констатирал лекар по судска медицина, увид извршиле екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на семејството.

Од удар на гром вчера беа повредени неколку лица на охридската плажа „Оревче“.

Можете да прочитате

10 годишно дете удрено од мотоцикл во Прилеп

Охриѓанец уапсен заради детска порнографија

СДСМ: Пет години Јорданов и ВМРО-ОКГ во Штип: Удар по џебот, распродажба на јавниот имот, непотизам и скандали!