Утрински Весник
Македонија

Почнува имунизацијата против Ковид-19 на деца

Почнува имунизацијата против Ковид-19 на деца

Од денеска почнува имунизацијата против Ковид-19 на деца од 12 до 16 години кои се пријавиле на сајтот www.vakcinacija.mk.

Според последните информации, пријавени се вкупно 1.800 деца.

Министерот за здравство, Венко Филипче, минатата недела појасни дека закажувањето за термин се прави со цел подобра организација.

„Од една виала ‘Фајзер’ се даваат шест дози вакцини, односно се вакцинираат шест лица. За да не дојде до отворање на вакцината и само на пример две апликации да се извршат, го правиме ова“, рече Филипче.

„Фајзер“ во моментов е единствената вакцина која е дозволена да се користи согласно препораките од внатрешното упатство за оваа категорија на деца, појаснија деновиве здравствените власти.

Можете да прочитате

Пожар избувнал во објект во Аеродром, интервенирале пожарникари и полиција

ВЛЕН: За првпат, тетовската библиотека добива универзитетски статус

Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Скопје – се судриле „мерцедес“ и „ауди“