Утрински Весник
Спорт

Американците се будат пред стартот на ОИ, ја победија Шпанија

Американците се будат пред стартот на ОИ, ја победија Шпанија

Кошаркарите на САД, во контролен меч, ја победија Шпанија со 83:76. Дуелот во ЛАс Вегас беше последен за двете репрезентации пред почетокот на Олимписките игри во Токио.

Американците ја фаќаат формата за настап на Олимписките игри. Против актуелниот светски првак, Шпанија, Американците делуваа добро, иако во првиот дел „црвената фурија“ водеше во еден момент со девет поени, а на полувреме имаше предност од два коша.

На крајот Американците рутински дојдоа до победата.

Демијан Лилард со 19 и Келдон Џонсон со 15 поени се истакнаа во Дрим тимот, додека Шпанија ја предводеше Рики Рубио со 23 поени.



> Американците се будат пред стартот на ОИ, ја победија Шпанија <

Можете да прочитате

УЕФА ќе го тужи Инфантино

Македонската делегација го обжали поразот на Рустемовски

Познати сите учесници во групната фаза на Лигата на шампионите