Утрински Весник
Свет

Црква во Норвешка за првпат крштеваше трансродова личност

Црква во Норвешка за првпат крштеваше трансродова личност

Лутеранска црква во Норвешка одржа церемонија за преименување на 49-годишно трансродово лице, што според официјалните власти е прв ваков настан во црква во таа нордиска земја.

Елин Стилинген во првите 40 години од својот живот живеела како маж, а минатата година законски ги сменила името и полот.

Настанот беше одбележан на саботната церемонија во средновековната црква Хоф, северно од норвешката престолнина Осло.

Стилинген рече дека ѝ е особено важно што настанот се одржува во црквата.

„Јас сум членка на норвешката црква и исто така и со новиот идентитет ќе излезам како христијанка, така што оваа церемонија е важна за мене“, рекла Стилинген во пресрет на церемонијата во саботата.

Можете да прочитате

Путин потпиша закон за национализација на напуштени имоти во окупираните делови на Украина

Чешка доби нова влада – 24info.mk

Зеленски: Има напредок во разговорите со САД