Утрински Весник
Свет
Img 7972

Невреме во Србија, паѓа град со големина на јајце

Невреме во Србија, паѓа град со големина на јајце
Dik 300x250 mk

Силно невреме, проследено со силен дожд, грмежи и град, попладнево погоди повеќе градови во Србија.

Меѓу најпогодените од невремето е општината Бајина Башта во западна Србија.

Како што јавуваат локалните медиуми, невреме проследено со град со големина на јајце и силен ветер погоди делови од општината Рашка.

Силен дожд со град има во Краљево. Републичкиот хидрометеоролошки институт издаде итно предупредување за силен дожд, грмежи и град во Уб, Обреновац, Сјеница и на потегот од Приштина до Куршумлија.

Градот предизвика најголема штета во Баљевац и Билјановац во општина Рашка, каде беа оштетени овошни насади, автомобили и покриви.

Можете да прочитате

Поради руските напади, Украина воведува прекини на електричната енергија

Израел нема да го отвори граничниот премин Рафах

Русија им предаде на САД декласифицирани советски документи за атентатот на Кенеди