Утрински Весник
Македонија

Гостиварец ја малтретирал својата неподвижна сопруга – ја скубел и не ѝ давал лекови и храна

Гостиварец ја малтретирал својата неподвижна сопруга – ја скубел и не ѝ давал лекови и храна
Dik 300x250 mk

53-годишен гостиварец се товари за кривично дело-повреда на семејните обврски, откако како што соопшти полицијата, намерно не и помагал на неговата неподвижна сопруга.

Обвинетиот во неутврден временски период со груба повреда на законските обврски, намерно навремено не и пружил нега на неговата сопруга која е неподвижно лице.

Обвинетиот не се грижел за одржување на личната хигиена на оштетената, не и давал лекарства и храна.

Тој во неколку наврати ја скубел за косата и ја туркал по рацете и и давал несоодветни лекарства за успивање.

Поради ова, Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против ова лице на возраст од 53 години, за сторено кривично дело – Повреда на семејни обврски од член 203 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Поради стореното кривично дело, Основниот суд Гостивар на обвинетиот му изрече казна затвор од три месеци која нема да се изврши доколку не стори ново кривично дело во рок од една година.

Можете да прочитате

Ќе нема енергетска криза, подготвени сме и работиме тоа да не се случи, вели Мицкоски

АВМУ: Денеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за вториот круг од Локалните избори 2025

ГОБ „8 Септември“ доби хипербарна комора за лекување хронични рани, изгореници, но и за потреби на спортисти