Утрински Весник
Свет

Белата куќа го обвини „Фејсбук“ како канал за ширење дезинформации за Ковид-19

Белата куќа го обвини „Фејсбук“ како канал за ширење дезинформации за Ковид-19

Портпаролката на Белата куќа тврди дека 12 лица се одговорни за скоро 65 проценти од дезинформациите против вакцините на социјалните мрежи.

„Фејсбук“ не прави доволно за да го запре ширењето лажни тврдења за Ковид-19 и вакцините“, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

„Фејсбук“, кој е сопственик на „Инстаграм“ и „WhatsApp“, треба да стори повеќе за да ги отстрани неточните информации за вакцините од својата платформа, рече Псаки, пренесуваат агенциите.

Ова се податоци од извештајот на Центарот за борба против дигиталната омраза, но „Фејсбук“ ја проблематизира методологијата на истражување.

Таа додаде дека мрежата „треба побрзо да ги брише штетните насилни објави“.

Шефот на јавното здравство на САД, Вивек Мурти тврди дека расте дезинформацијата за Ковид-19 и вакцините, што ја отежнува борбата против пандемијата.

„Животите на Американците се во прашање“, рече тој во изјавата.

„Фејсбук“ не одговори веднаш со коментар на изјавите на Белата куќа. Платформата воведе правила против лажните тврдења за Ковид-19 и вакцините, но експертите и политичарите долго време се жалат дека контролата на содржините е слаба.

Можете да прочитате

Десничарските популисти стануваат „нова нормалност“ во европската политика

Ким: Русија има право на самоодбрана

Предвремени парламентарни избори на Исланд