Утрински Весник
Македонија

Колењето на животни на јавни површини е забрането, велат од МВР за претстојниот празник

Колењето на животни на јавни површини е забрането, велат од МВР за претстојниот празник

Во пресрет на претстојниот празник Курбан Бајрам, Секторот за внатрешни работи Скопје ги информира граѓаните дека Одделението за превенција деновиве ќе реализира повеќе работни состаноци со граѓанскиот сектор, на кои ќе се укаже на потребата од почитување на законската и подзаконска регулатива за продажба и колење на животни по повод празникот, вклучително и мерките за заштита од ширење на Кoвид-19.

Секторот за внатрешни работи Скопје укажува дека годинава по повод празникот, продажбата на добиток, за кој мора да се поседува соодветна документација, ќе се врши исклучиво на Сточниот пазар во село Трубарево, додекa продажбата на други локации, како и колењето на животни на јавни површини, се забранети и ќе бидат санкционирани.

Од страна на Одделението за превенција при Сектор за внатрешни работи Скопје во содејство со Агенција за храна и ветеринарство во општините Гази Баба, Чаир, Шуто Оризари и Ѓорче Петров ќе бидат поделени и флаери на граѓаните со цел нивно информирање и едуцирање.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација 

Лимани ги посети дневните центри „Во Мојот Свет” и „Блу Пазл”: Продолжуваме посветени на унапредување на социјалните услуги и развој на инклузивни политики

За еден ден приведени 10 возачи