Утрински Весник
Македонија

Кина донира 1,6 милиони денари за поликлиниката во Шуто Оризари

Кина донира 1,6 милиони денари за поликлиниката во Шуто Оризари

Претседателот Стево Пендаровски заедно со амбасадорот на Кина, Џанг Ѕуо и претставници на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје денеска ја посетија поликлиниката „Шуто Оризари“.

Под покровителство на претседателот Пендаровски, амбасадата на Кина во земјава донираше 1,6 милиони денари за поликлиниката „Шуто Оризари“. Средствата се наменети за опремување на РТГ Кабинет, опремување со медицински мебел и реконструкција на покривот на оваа поликлиника.

Посетата на поликлиниката „Шуто Оризари“ е завршната фаза од оваа активност по потпишувањето на меморандумот за соработка и реализацијата на донацијата.

„Кога минатата година за прв пат со господинот амбасадор започнавме да размислуваме каде најдобро би можела да се употреби нивната донација, не ни требаше многу време за да утврдиме дека поликлиниката „Шуто Оризари“ е една од првите која треба да добие таква помош за граѓаните на оваа општина да имаат ниво на здравствена заштита еднакво како сите други граѓани кои живеат во другите општини на државата“, рече Пендаровски.

Кинескиот амбасадор во земјава, Џанг Ѕуо, рече дека е задоволен што се забележува значително подобрување на условите во оваа здравствена установа.

Можете да прочитате

Предлогот за интерпелација за претседателот на Уставниот суд, Костадиновски пред пратениците

Ангелов: Презадоволен сум од ефикасноста на Хермелините и Пинцгауерите во справувањето со пожарите

Активни седум пожари, два локализирани, ЦУК регистрирал вкупно 31 пожар на отворен простор