Утрински Весник
Свет

ЕК поведе постапка против Унгарија и Полска за дискриминација на ЛГБТK заедницата

ЕК поведе постапка против Унгарија и Полска за дискриминација на ЛГБТK заедницата

Европската комисија поведе постапка против Унгарија и некои региони во Полска за дискриминација на ЛГБТK заедницата.

Унгарија се најде на удар на повеќето членки на ЕУ откако унгарскиот парламент неодамна донесе закон со кој се забранува едукација на младите за ЛГБТК заедницата, додека скоро сто полски региони минатата година се прогласија за „зони ослободени од ЛГБТК идеологијата“.

„Еднаквоста, почитувањето на човековите права и човечкото достоинство се меѓу основните вредности на ЕУ, наведени во член 2 од Договорот за Европската унија. Комисијата ќе ги искористи сите механизми што ѝ се на располагање за да ги заштити овие права“, рече претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Можете да прочитате

Полицијата во Анкара блокира и приведе демонстранти што протестираа против НАТО

Руте: НАТО ќе инвестира околу 40 милијарди долари во одбрана од дронови во наредните пет години

Експлозии во Дамаск за време на посетата на францускиот претседател