Утрински Весник
Македонија

Османи на прв состанок со меѓуресорската група за унапредување на меѓународните договори

Османи на прв состанок со меѓуресорската група за унапредување на меѓународните договори

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи имаше прв состанок со претставниците на органите на државната управа, кои што учествуваат во усогласување на меѓународни договори.

Како што наведуваат од неговиот кабинет, целта на состанокот е основање на меѓуресорска работна група за унапредување на билатералната договорна соработка, што беше повод и министерот Османи да ја формира оваа група, потврдена со одлука на Влада.

„ Во фокусот на оваа група ќе биде координацијата и поддршката на активностите насочени кон склучување, усогласување и иницирање на нови договори, со што значајно ќе се подобри договорната соработка со другите држави и меѓународни организации.

Иницијалниот состанок помина успешно, со неколку конкретни заклучоци, при што Османи даде препораки до сите институции, во наредниот период, активностите да се насочат кон интензивирање на договорната соработка, што ќе биде потврда кон посветеноста за развојот на билатералните односи и развојот на соработката со сите држави со кои Северна Македонија има воспоставено дипломатски односи“ додаваат од кабинетот на Османи.

Можете да прочитате

Премиерот Мицкоски очекува минимално зголемување на цената на струјата

Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар

Внимавајте, полицијата засилено казнува за еден сообраќаен прекршок