Утрински Весник
Свет

Иранските разузнавачи планирале да киднапираат новинарка во Њујорк

Иранските разузнавачи планирале да киднапираат новинарка во Њујорк

Американското обвинителство покрена обвинение против четворица Иранци, поради основано сомнение дека планирале киднапирање на новинарка и активистка која го критикувала Иран.

Според странските медиуми, тие се сметаат за наводно иранско разузнавање.

Американските власти тврдат дека во последните неколку години иранското разузнавање довело во заблуда голем број странски активисти и ги навело да патуваат на дестинациите каде што биле киднапирани и испратени во Иран, пренесува „Ројтерс“.

Иако во обвинението не се споменува кој бил цел на киднаперите, „Ројтерс“ потврди дека станува збор за иранско-американската новинарка Масих Алинејад, која соработува со редакцијата на „Гласот на Америка“ на персиски јазик и се занимава со теми за човековите права во Иран.

Новинарката, која телефонски ја контактираше репортер на „Ројтерс“ по поднесувањето на обвинението, рече дека е шокирана, но потврди дека соработувала со ФБИ, откако пред 8 месеци ја контактирале агенти на таа служба и покажале фотографии од осомничени.

„Тие покажаа дека Исламската република ми е многу блиска“, рече Алинејад, активистка за човекови права и критичар на Иран.

Додека работеле на планот за киднапирање на новинарката, четворица Иранци ангажирале приватни детективи да ја следат и да го снимаат нејзиното семејство и местото на живеење, тврди обвинителството.

Можете да прочитате

Троjцата Американци ослободени во размената на затвореници со Кина се вратија дома 

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ

11 кинески и руски воени авиони влегоа во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја