Утрински Весник
Свет

„Луфтханза“ веќе нема да им се обраќа на патниците со „Дами и господа“

„Луфтханза“ веќе нема да им се обраќа на патниците со „Дами и господа“

Германската национална авиокомпанија „Луфтханза“ ќе го замени поздравот до патниците „дами и господа“ со родово неутрални термини, изјави портпаролот на компанијата.

Обраќањата ќе се променат на сите филијали на компанијата, вклучувајќи ги Австрија, Швајцарија, Евровингс и Брисел ерлајнс, пишува ДПА.

„ За нас е важно да земеме сè во предвид со нашите форми на обраќање“, рече портпаролот на „Луфтханза“.

Другите обраќања како што се „добро попладне“, „добра вечер“ или „добредојдовте“ може да бидат избор на пилотот, додаде тој.

Можете да прочитате

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги

Кос: Светот се промени, мора и процесот на проширување

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба