Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Германија нема да воведе задолжителна вакцинација против коронавирус, одлучи Меркел

Германија нема да воведе задолжителна вакцинација против коронавирус, одлучи Меркел
Img 7972

Германија нема да воведе задолжителна вакцинација против коронавирус, изјави денеска германската канцеларка, Ангела Меркел.

Меркел додаде дека ќе биде побезбедно да се вакцинираат повеќе Германци, да се придржуваат до правилата за дистанцирање и што повеќе тестови треба да помогнат во спречување на четвртиот бран на коронавирус, пренесуваат германските агенции.

“Немаме намера да одиме на овој пат. Нема да има задолжителна вакцинација”, рече канцеларката за време на прес-конференција.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот