Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Вучиќ: Од Суботица до Скопје ќе се стига за четири и пол часа

Вучиќ: Од Суботица до Скопје ќе се стига за четири и пол часа
Img 7972

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, во Кладово најави нови инвестиции за тој дел од земјата.

„Ќе изградиме нови марини, плажи, ќе инвестираме многу во Дунав со цел да се привлечат што повеќе туристи. Да го изградиме истокот на Србија за луѓето да се вратат во своите домови“, порача Вучиќ.

Тој најави изградба на брза железница од Суботица до Скопје.

„Се надевам дека ќе можеме да го потпишеме договорот за изградба на пругата Белград-Ниш, а потоа од Ниш до северно-македонската граница. Може да замислите дека кога ќе имаме брз пат од Суботица до Скопје ќе се пристигне за 4 и пол часа. И тоа ќе биде можно во Србија за некоја година“, најави Вучиќ.

Можете да прочитате

Продолжува спасувачката операција по уривањето на исламско училиште во Индонезија

Путин: Подготвен сум да го поддржам моделот на мир на Трамп за Блискиот Исток

Дронови го затворија аеродромот во Минхен, откажани 17 летови