Утрински Весник
Македонија

Филипче: Ќе треба да се закаже термин за вакцинација на деца

Филипче: Ќе треба да се закаже термин за вакцинација на деца

Вакцинацијата на деца од 12 до 16 години ќе мора да се закажува на страницата www.vakcinacija.mk информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче, кој беше во посета на поликлиниката Шуто Оризари, каде што беше отворен вакцинален пункт.

„Ова се прави поради подобра организација, од една виала „Фајзер“ се даваат шест дози вакцини односно се вакцинираат шест лица. За да не дојде до отворање на вакцината и само на пример две апликации да се извршат, го правиме ова. По пријавување на децата, ќе се добие термин за нивна вакцинација. Родителите ќе може да го направат пријавувањето до четврток, а од петок ќе почне вакцинацијата на младите од 12-до 16 години“, рече Филипче.

Вакцинирањето на децата од 12 до 16 години со вакцината на „Фајзер“ ќе започне од петок. Оваа вакцина во моментов е единствена која е дозволена да се користи согласно препораките од внатрешното упатство за оваа категорија на деца, појаснија деновиве здравствените власти.

Можете да прочитате

Над 20.000 евра „заработиле“ две лица кои менувале оценки на УГД Штип, ОЈО бара притвор

Сиљановска-Давкова се сретна со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Вајц ја повика Кос да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија