Утрински Весник
Свет

Директорката на СЗО згрозена од глетката на финалниот натпревар меѓу Англија и Италија

Директорката на СЗО згрозена од глетката на финалниот натпревар меѓу Англија и Италија

Епидемиологот на СЗО, Марија ван Керхов изјави дека се згрозила кога видела како толпата навивачи пее и вика на финалето на Европското првенство во Лондон.

Таа изрази загриженост дека ова ќе го зголеми преносот на Ковид-19, вклучувајќи го и делта-сојот.

„Ројтерс“ наведува дека е невообичаено ваквите коментари да доаѓаат од агенцијата на Обединетите нации, кои вообичаено се воздржуваат од политиката на одредени земји, но техничката директорка на СЗО, сцената од 60.000 луѓе на „Вембли“ на последниот натпревар помеѓу Англија и Италија ја нарече „застрашувачка“, објави
„Ројтерс“.

„ Треба ли да уживам и да гледам како се шири инфекцијата пред моите очи“, се прашуваше таа во коментар на Твитер за време на натпреварот.

Марија ван Керхов истакна дека пандемијата не направила пауза во неделата навечер.

„ Делта-сојот ќе ја искористи можноста и ќе напаѓа невакцинирани луѓе на места каде што е преполно, каде нема маски, каде викаат, пеат. Ова е катастрофа”, рече таа.

Во финалето на Вембли во Лондон, „азурите“ ја совладаа Англија на пенали со 3: 2 (1: 1) и по втор пат во својата историја го подигнаа купот на најдобрите на „Стариот континент“.

Можете да прочитате

Русија соопшти дека погодила три пловила во пристаништето Черноморск, како и магацин за дронови и фабрика во Одеската област

Меркел им порача на Германците дека „нема бесплатен ручек“ и ги повика да ја бранат демократијата

Два брода нападнати во близина во Ормуската Теснина во близина на Оман