Утрински Весник
Спорт

Кејн: Не постои подобро место од „Вембли“ за да освоиме трофеј!

Кејн: Не постои подобро место од „Вембли“ за да освоиме трофеј!

Капитенот на селекцијата на Англија, Хари Кејн е среќен што неговата селекција утрешното финале на ЕУРО 2020 ќе го игра на домашен терен.

„Тоа што играме на `Вембли` го прави сето ова уште поголемо. Навивачите ќе ни пеат и ќе не бодрат. Ќе имаме неверојатна енергија. Не постои подобро место од `Вембли` да освоиме трофеј! Ќе биде напнато, но домашниот стадион е наша предност. СП 1966 година било сјајно. Сега ние имаме шанса да направиме уште поголема работа. Многумина никогаш не ја виделе Англија во финале, одамна била 1966. Ова е специјален момент за нас“ вели тој.

Кејн ќе мора да ги надмудри двајцата сјајни стопери на „Азурите“ – ветераните Леонардо Бонучи и Џорџо Киелини.

„Тие се сјајни дефанзивци. Добро ја читаат играта и знаат каде да се постават. Тие се воини. Ќе биде голема борба до самиот крај. Тоа е она поради кое играме фудбал. Ако сакаш да си најдобар, мораш да играш против двајцата најдобри стопери“ вели капитенот на „Гордиот Албион“.

> Кејн: Не постои подобро место од „Вембли“ за да освоиме трофеј! <

Можете да прочитате

Нигерија поуспешна од Египет по изведувањето пенали во дуелот за третото место

Хрватска се намачи за да ја совлада Грузија

„Сантијаго Бернабеу“ ги исвирка играчите на Реал Мадрид