Утрински Весник
Свет

Осум години затвор за медицинската сестра која по грешка му инјектира бензин на пациент

Осум години затвор за медицинската сестра која по грешка му инјектира бензин на пациент

Медицинската сестра која на пациент му инјектира медицински бензин наместо физиолошки раствор во болницата во хрватскиот град Чаковец, се соочува со осум години затвор, објави Државното правобранителство.

Таа е обвинета за несовесно лекување што довело до смрт на пациентот.

Како медицинска сестра задолжена за грижа за 62-годишен пациент на хемодијализа во просторија за самоизолација, поради негов контакт со позитивно лице од коронавирус, на 29 септември 2020 година, таа ненамерно вбризгала во катетерот во неговиот врат бензин наместо солен раствор.

„Бензинот влегол во крвотокот што довело до труење и откажување на неколку органи, поради што пациентот, и покрај реанимацијата и медицинска нега, починал истиот ден“, посочуваат од правобранителството.

Можете да прочитате

Песков: Европа во моментов е страна во конфликтот, не може да биде посредник

Гутереш на вонредна седница на СБ на ОН: Војната во Украина се заканува да излезе од контрола

Голем пад на населението во Јапонија, за пет години три милиони помалку