Утрински Весник
Македонија

Казнети 243 возачи во Скопје, 83 за брзо возење

Казнети 243 возачи во Скопје, 83 за брзо возење

Полицијата вчера казни 243 возачи во Скопје, од кои 83 за брзо возење, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 83 санкции, 19 за возење под дејство на алкохол, седум прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 19 за возење без возачка дозвола. Изречени се осум санкции за користење мобилен телефон, шест за некористење сигурносен појас, 57 санкции за непрописно паркирање“, велат од МВР.

Од таму најавија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Можете да прочитате

Мицкоски за враќањето на пасошот на Марковски: Има груба манипулација од локален јавен обвинител, ова нема така да заврши

Во тек е исплата на образовниот додаток за четврт мерен период за учебната година 2025/2026 година

Во јули во просек дневно регистрирани по околу 15 пожари на отворен простор, Ангелов со апел да не се палат огнови и скари во шуми