Утрински Весник
Македонија

Претпладне сончево, попладне локален пороен дожд

Претпладне сончево, попладне локален пороен дожд

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 33 степени.

И утре во попладневните часови ќе има развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град.

Температурата денеска и утре ќе биде пониска за неколку степени. Услови за изолирана појава на нестабилност ќе има и в понеделник. Потоа следува период на стабилно време.

Можете да прочитате

Штерјова: ОЈО да отвори истрага, има ли одлука на Собранието на Лотарија за лотото на Мицкоски од 5,5 милиони евра 

Стружанец починал по пад во ископ за бунар

Расчистена серија тешки кражби во пет градови, уапсени две лица