Утрински Весник
Спорт

Грег Попович: Се што ви треба е Дончиќ и 4 играчи кои напорно работат

Грег Попович: Се што ви треба е Дончиќ и 4 играчи кои напорно работат

Селекторот на американската кошаркарска репрезентација, Грег Попович упати збориви за пофалба на сметка на словенечкиот репрезентативец, Лука Дончиќ откако ѕвездата на Далас Маверикс обезбеди настап на ОИ со национаниот тим.

„Еден од најдобрите играчи во светот. Се докажа уште рано во Европа и брзо влезе во НБА. Забавен е за гледање. Неговата умешност, борбеност. Ставете 4 играчи кои напорно работат покрај него и ќе имате фантастичен тим. Токму Словенците тоа го имаат. Агресивни се, одлично ги извршуваат задачите, сите ја посакуваат победата, но никој како Лука“ смета Попович.

Во текот на квалификацискиот турнир во литвански Каунас Дончиќ во просек имаше по 21,3 поени, 11,3 асистенции, 8 скока и 1,5 украдени топки по меч.

> Грег Попович: Се што ви треба е Дончиќ и 4 играчи кои напорно работат <

Можете да прочитате

Нигерија поуспешна од Египет по изведувањето пенали во дуелот за третото место

Хрватска се намачи за да ја совлада Грузија

„Сантијаго Бернабеу“ ги исвирка играчите на Реал Мадрид