Утрински Весник
Свет

Мечка во САД извлече жена од шатор среде ноќ и ја уби

Мечка во САД извлече жена од шатор среде ноќ и ја уби

Гризли во САД извлекло камперка од шаторот додека таа спиела и ја раскинало на парчиња, пренесуваат тамошните медиуми.

Медицинската сестра Лиа Локан од Калифорнија го загуби животот во близина на градот Ованд во Монтана кога од големо гризли била извлечена од шаторот каде што спиела и потоа ја убило.

Иако другите кампери се обиделе да го избркаат животното со спреј-солзавец, мечката не се откажала од нападот сѐ додека буквално не ја распарчила несреќната Локан, пишуваат агенциите.

Властите претпоставуваат дека истата мечка претходно нападнала кокошарник на земјоделец и изела неколку кокошки, а потоа шетала низ фармата.

Иако камперите го избркале еднаш, гризлито се вратило во текот на ноќта и го нападнало шаторот на жртвата.

Раководството на блискиот национален парк објави дека има намера да ја фати и убие мечката одговорна за нападот, а според отпечатоците од шепите, претпоставуваат дека таа тежи 180 килограми.

Во изминатите 20 години имало само три фатални напади врз луѓе од страна на гризли, иако Монтана е дом на голема популација гризли.

Можете да прочитате

Британија потрошила 100 милиони фунти на гранични пунктови кои никогаш не биле искористени

Најмалку 21 лице загина откако потона чамец со мигранти крај брегот на Сенегал

Нови напади врз Иран нема да се случат ако преговорите напредуваат