Утрински Весник
Свет

ЕУ: Тие што не се вакцинираат, сами да си платат за лекувањето

ЕУ: Тие што не се вакцинираат, сами да си платат за лекувањето
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош изјави дека ЕУ веќе размислува за оние кои одбиваат да се вакцинираат против коронавирус сами да ги сносат трошоците за лекување.

Според него, Хрватска сега мора да премине на нов пристап кога станува збор за популаризирање на вакцинацијата, што ќе вклучува задолжителни предавања и едукација за сите лица, дури и на невакцинираните во здравствениот систем.

„ Предавањата ќе бидат задолжителни затоа што тие се одвиваат во рамките на образованието за време на безбедноста при работа“, додаде Берош, додавајќи дека на другите сектори ќе им биде предложено да го сторат истото.

Тој додаде дека ќе се оди кон продолжување на ковид-потврдите на првите вакцинирани на 10 месеци, наместо на досегашните шест.

„ Во Европската унија веќе се размислува за тоа оние кои одбиваат да бидат вакцинирани сами да си ги сносат трошоците за лекување. Во Хрватска не одиме во таа насока. Државата ќе плати за нивното лекување, но зошто нашите пари да одат на лекувањето на некој, кој можел да се заштити?“, рече Берош.

Можете да прочитате

Пад на увозот на нафта во ЕУ во првите три квартали од 2025 година

Италија им ја припишува сопственоста на златните резерви на италијанскиот народ

Девет лица повредени во напад со нож во Тајпеј