Утрински Весник
Свет

Стефан Лофвен повторно избран за премиер на Шведска

Стефан Лофвен повторно избран за премиер на Шведска

Лидерот на Шведската социјалдемократска партија, Стефан Лофвен, е реизбран за премиер на денешното гласање во парламентот на земјата.

За Лофвен гласаа 117 пратеници во парламентот, кој има 349 места, додека 58 беа воздржани, пренесува АП.

Пратениците од Партијата Центар и Левицата беа воздржани од гласањето, што му го отвори патот на Лофвен за победа.

За него гласаа Социјалдемократската партија на Левен, Зелените и еден независен пратеник.

Лофвен (63) рече дека ќе формира двопартиска влада со Зелените. Тој се повлече од функцијата премиер минатиот месец откако му беше изгласана недоверба, потсетува „Ројтерс“.

Пред една недела, Лофвен повторно доби мандат да се обиде уште еднаш да формира нова влада, откако тогашниот кандидат за нов премиер на Шведска, ултрадесничарот Улф Кристерсон, објави дека ќе се откаже од обидот да формира влада по падот на левоцентристичката влада.

Можете да прочитате

Словенија воведува помалку работни часови

Зеленски предупредува: Русија подготвува нови масовни напади врз Украина

Тер Штеген пред заминување од Барселона, блиску до трансфер во Џирона