Утрински Весник
Свет

Унгарија до Брисел: Залудни се напорите на ЕУ да се откажеме од законот

Унгарија до Брисел: Залудни се напорите на ЕУ да се откажеме од законот

Залудни се напорите на Европската Унија да ја принуди Унгарија да се откаже од новиот закон, со кој се забранува содржина што ја промовира хомосексуалноста во училиштата, изјави денеска шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Претходно денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја предупреди Унгарија дека мора да го повлече законот со кој им се забранува на училиштата да користат материјали, за кои се верува дека промовираат хомосексуалност и транссексуализам, или да се соочи со целосна примена на законите на ЕУ, или покренување прекршочна постапка против Будимпешта.

Можете да прочитате

Дојче Веле: Европа размислува за испраќање мигранти во кампови на Западен Балкан

Калибаф: Непријателот испраќа пораки за преговори додека планира копнен напад

Украина повторно го запали руското пристаниште за извоз на нафта во Балтичкото Море