Утрински Весник
Свет

Напаѓачот на банка во Русија ја доби бараната сума, но е уапсен веднаш штом излегол

Напаѓачот на банка во Русија ја доби бараната сума, но е уапсен веднаш штом излегол

Руската полиција го уапси човекот кој денеска упадна во експозитура на „Сбербанк“ во градот Тумен и како зараобеници зеде неколку вработени.

Тој барал да му бидат исплатени 15 милиони рубљи во готово, што е еквивалентн на нешто повеќе од 170.000 евра.

„Се обидуваат да преговараат со него. Човекот бара парите да му бидат дадени во готово“, изјави соговорник на руската новинска агенција ТАСС за време на заложничката криза.

Во текот на кризата беа евакуирани жителите на зградата каде што се наоѓа филијалата на банката. Според извор на ТАСС, повеќе од 50 лица биле евакуирани.

Повикувајќи се на своите извори, ТАСС информираше за тројца заложници, а регионалната канцеларија на руското Министерство за внатрешни работи посочи дека имало двајца.

Заложничката криза завршила откако вработените во банката му ја дале бараната сума на човекот. Сепак, тој бил уапсен веднаш штом излегол од просториите на банката.

Властите соопштија дека се работи за 32-годишен човек со ментални проблеми, а со себе имал лажна бомба и не бил вооружен.

Можете да прочитате

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата

Руската армија незапирливо напредува: паднаа уште две важни места на рутата Донецк