Утрински Весник
Спорт

Компанијата Конами го раскина договорот со Гризман

Компанијата Конами го раскина договорот со Гризман

Конами, јапонскиот гигант во забавната индустрија, објави дека го раскинал договорот со Антоан Гризман. Компанијата реагираше експресно откако во јавноста се појавија снимки од 2019 година, на ко се гледа како Гризман и неговиот соиграч Усман Дембеле ги навредуваат Азијците.

„Нашата компанија не прифаќа дискриминација. Претходно објавивме дека Гризман е нашиот амбасадор за Ју-Ги-Ох!, но откако ги видовме снимките решивме да го раскинеме договорот. Кога станува збор за нашата еФудбал франшиза, бараме од фудбалскиот клуб Барселона, да објасни што ќе преземе во врска со овој случај“, стои во соопштението на компанијата Конами.

Скандалот, во кој главни се Гризман и Дембеле, се случи во 2019 година, кога Барселона била на летна турнеја во Јапонија, организирана од најголемиот спонзор на клубот Ракутен.

Фудбалерите ги навредуваат луѓето од хотелот кои дошле во нивната соба за да го решат проблемот со телевизорот, за да можат Гризман и Дембеле да играат ПЕС. ПЕС е производ на компанијата Конами.

Дембеле и Гризман обвинети за расизам по неверојатното .!

> Компанијата Конами го раскина договорот со Гризман <

Можете да прочитате

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ

Анчелоти стана рекордер во Лигата на шампионите

Навивач на Партизан го нападна тренерот на Олимпијакос