Англија и Данска вечерва ќе го одиграат второто полу-финале на Европското првенство. Победникот, на 11.јули, против Италија ќе се бори за титулата.
Англија, до полу-финалето стигна без примен гол. Џордан Пикфорд, не е совладан во првите пет натпревари. Во дуелот со Данска, Англија влегува со гол-разлика 8:0. Играчите на Герет Саутгејт постигнаа гол против Хрватска и Чешка, два против Германија и четири во претходната рунда во дуелот со Украина. Гол не постигнаа само против Шкотска.
Предводници на Англија во нападот се Рахим Стерлинг и Хари Кејн, кои постигнаа по три гола.
Овие двајца ќе бидат најголемата закана по голот на Каспер Шмајхел.
Англичаните се оптимисти, дека на домашен терен, по пауза од 55 години ќе освојат голем трофеј. Англија во 1996 година, на Светското првенство, ја освои единствената голема титула.
Но и Данска ќе има што да каже во полу-финалето. Европските шампиони од 1992 година, имаа чуден пат до завршницата.
Шампионатот го започнаа со поразите од Финска (0:1) и Белгија (1:2), потоа ги декласираа Русија и Велс, а без проблеми во четврт-финалето славеа победа против Чешка.
Натпреварот на Вембли ќе започне во 21 часот, ќе го суди Холанѓанецот Дани Макели.
> Фудбалот се враќа дома или ќе се повторни 1992 година? <