Утрински Весник
Спорт

Барти ја „збриша“ Томљановиќ за полуфинале против Кербер

Барти ја „збриша“ Томљановиќ за полуфинале против Кербер

Ешли Барти првпат во кариерата ќе игра во полуфиналето на Вимблдон, откако светската тенисерка број 1 во австралиската битка со 6:1/6:3 ја „здроби“ сонародничката Ајла Томљановиќ и постави полуфинале против шампионката од 2018 година, Германката Анџелике Кербер.

Барти беше доминантна против Томљановиќ, завршувајќи го мечот за само 66 минути, и сега следна е Кербер, која претходно со 6:2/6:3 беше подобра од Каролина Мучова.

„Ајла е секогаш опасен противник, а бидејќи сме партнерки во Фед купот, знае точно кои се моите слабости. Ова е остварување на сон за мене, бидејќи секогаш сум сакала да играм на Вимблдон. Кербер ќе биде вистински тест за мене, бидејќи веќе била шампионка и се надевам дека ќе си дадам шанса за победа“, вели Австралијката.

> Барти ја „збриша“ Томљановиќ за полуфинале против Кербер <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина