Утрински Весник
Македонија

Прилепчани впериле пиштол во полициски службеници на наплатна рампа, имало и пукање

Прилепчани впериле пиштол во полициски службеници на наплатна рампа, имало и пукање
Dik 300x250 mk

Вчера полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода лицата И.Д.(29) и П.Б.(42), двајцата од Прилеп.

Според полицијата осомничените лица во 19.55 часот кај наплатна рампа на автопат А1 Скопје-Велес, при обид за сопирање и контрола на патничко возило „ауди А3“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Д., П.Б, кој бил негов сопатник вперил пиштол кон полициските службеници, а во обид да избегаат ја оштетиле наплатната рампа.

Полициските службеници испукале предупредувачки куршуми, а повредени лица нема, велат од МВР.

Според полицијата, известен е и Јавен обвинител а по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

М-НАВ ангажира адвокати по 12.000 денари на час или 9.600 евра само за 48 часа

Таравари: Албанската опозиција доби над 25% повеќе гласови од ВЛЕН

Уапсени двајца полициски службеници осомничени за разбојништвото на златарницата во Гостивар, се трага и по други лица, поднесена кривична пријава