Утрински Весник
Македонија

Швајцарија донира опрема за справување со шумски пожари во Беровскиот Регион

Швајцарија донира опрема за справување со шумски пожари во Беровскиот Регион

Швајцарската амбасада и Швајцарската агенција за развој и соработка на припадниците од противпожарната единица во Берово денеска им ја врачија донацијата за справување со шумски пожари.

Преку оваа донација, противпожарната единица доби четири нови противпожарни возила, опрема за пожарникарите, дрон, како и обуки за пожарникарите за управување со дрон.

На настанот присуствуваше и вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупќо Николовски, кој посочи дека ваквата донација е особено важна за Малешевскиот Регион, за безбедноста на граѓаните и заштитата на шумите од пожари.

„Новите противпожарни возила, како и целокупната донација од нашите меѓународни поддржувачи, се од исклучителна важност не само за екипираноста на беровската Територијална противпожарна единица, туку и за безбедноста на граѓаните во урбаните и руралните подрачја, за пожарникарите и за заштитата на животната средина“, изјави вицепремиерот.

Во своето обраќање швајцарската амбасадорка, Сибил Сутер Техада, ја потенцираше важноста на Регионалниот план за унапредување на шумите во Малешевскиот Регион, како развоен стратешки план кој е подготвен со партиципативен пристап, со чија помош се воспоставува основа за одржливо управување со шумите и шумското земјиште во регионот.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев, овој пат за луксузната јахта вредна 850 илјади евра

ДКСК денеска преку „Зум“ ќе избира заменик претседател

Левица: Сопругата на директорот на Булмак и кандидат за градоначалник од ДПМНЕ – преку ноќ стана раководител на Агенцијата за пошти