Утрински Весник
Свет

Киоск за цигари во Тирана се користел за продажба на кокаин

Киоск за цигари во Тирана се користел за продажба на кокаин

Маж на возраст од 40 години е уапсен во Тирана бидејќи користел киоск за цигари за да продава кокаин.

По петмесечна истрага, албанската полиција откри дека тој продавал кокаин за 3.500 албански лека по доза (28,5 евра), пренесува порталот „Егзит“.

Како што се наведува, полицијата кај уапсеното лице запленила кокаин, пиштол, 42.000 лека (околу 342 евра), 8.730 евра, мотоцикал, автомобил и седум телефони.

Можете да прочитате

Мерц со Aл-Шара во Берлин – политичката транзиција и враќањето на мигрантите во фокус

Телефонски разговор Путин – Нетанјаху за ситуацијата на Блиски Исток

Сирија и Ирак запленија 2,5 милиони таблети Каптагон