Утрински Весник
Спорт

Барса не може да ги регистрира Меси и новите засилувања

Барса не може да ги регистрира Меси и новите засилувања

Фудбалскиот клуб Барселона и нејзиниот претседател Џоан Лапорта се наоѓаа пред сериозен предизвик. Поради финансиските проблеми, Барселона, се уште не е во можност да ги регистрира новите играчи (Ерик Гарсија, Мемфис Депај, Серхио Агуеро, Емерсон Ројал), но не може да го регистрира ниту Лионел Меси, доколку тој потпише нов договор.

Барселона има голем долг, кој изнесува 1,17 милијарди евра. Ла Лига не и дозволува на Барселона да ги регистрира новите фудбалери, додека не го реши проблемот со платите, односно буџетот за плати да биде според правилата на лигата.

Според медиумите станува збор за сума од околу 200 милиони евра.

Поради тоа Барселона им дозволи на Миралем Пјаниќ и Самуел Умтити да го напуштат клубот како слободни играчи, а Матеус Фернандес доби отказ. Бразилецот кој лани одигра само 17 минути, поднел тужба против клубот поради начинот на кој му бил врачен отказот.

Пјаниќ и Умтити одбија да заминат од клубот. Умтити сака да остане, тој има годишна плата од 12 милиони евра, додека Пјаниќ би заминал но само доколку Барселона му испати 25 милиони евра, колку што треба да заработи во следните три години, колку што му трае договорот.

Медиумите пишуваат дека доколку во клубот пристигне добра понуда за Антоан Гризман и тој ќе замине, а иста судбина го очекува и долгогодишниот член Серхи Роберто.

Значи, дури кога ќе направи простор во буџетот за плати, Барселона ќе може да регистрира нови фудбалери. Меѓу нив е и Меси, кој бидејќи повеќе не е под договор, доколку ја продолжи соработката ќе треба да биде регистриран како нов играч.

Пред Џоан Лапорта и неговите соработници ги очекува пеколно лето.

> Барса не може да ги регистрира Меси и новите засилувања <

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ